Две гробници од фараонската династија Тутмосид откриени во Горен Египет

Две гробници од ерата на фараоните на древниот Египет, подигнати пред околу 3.500 години, се откриени на западниот брег на реката Нил, во близина на современиот град Луксор, 700 километри јужно од египетската престолнина Каиро, по завршувањето на првата фаза од археолошките ископување на овие историски локалитети.

Како што објави во саботата египетскиот министер за старини, Калед ал-Анани, откриените гробници потекнуваат од времето на владеењето со древната египетска држава на XVIII династија фараони, од 1550 до 1292 година пред нашата ера, попозната како династијата Тутмосиди. Во еден од гробовите, наушниците откриле картуш (контура во којашто е напишано името на царот) со името на фараонот Тутмос Први. Таму покрај мумиите, исто така, археолозите откриле скулптури, глинени садови, разнобојни натписи и повеќе од сто погребни таблички со хиероглифско писмо, кои допрва треба да се дешифрираат.

Овој комплекс гробници се состои од два тенки коридора – бунари. На крајот од едниот од нив се наоѓа погребна одаја, во којашто била погребана познатата од древниот Египет, Изис-Неферт. Судејќи според конфигурацијата на гробницата, станува збор за жена која била мајка на големец кој бил близок на власта, за кој и била подигната оваа гробница во времето на владеењето на Тутмос Први, меѓу 1504 и 1492 година пред нашата ера.

Втората гробница, според научниците, предизвикува значително поголем интерес, особено затоа што на еден од нејзините ѕидови се сочувани речиси недопрени од времето повеќебојни фрески. На нива се прикажуваат сцени од принесување жртва проследени со до детални атрибути на оваа древна церемонија. Сепак, археолозите сѐ уште не можат да одредат кому му припаѓала оваа гробница и кога била подигната.

Овие откритија се случиле во областа Деир еч-Бахари, каде што се наоѓа една од најпознатите гробници на жена фараон Хатшепсут, кои исто така припаѓа на XVIII династија владетели на древниот Египет. Таа е истата династија Титмосиди, којашто ја претставуваат сите четворица фараони кои го носеле името Тутмос, меѓу кои е и еден од најмоќните владетели на древен Египет, Тутмос Втори, како и фараонот реформатор Ахенатен и неговиот син со бракот со жената која била пример за женската убавина во античкиот свет царицата Нефертити, „златниот фараон“ Тутанкамон.

Последниот месец Египет објави низа археолошки откритија. Така, во април годинава беа откриени осум мумии во стара гробница во Луксор, кои датираат, исто така, од пред 3.500 години, а еден месец претходно во Каиро беше откопана статуа за коај се верува дека го претставува кралот Псамтика.