На 12.11.2023 околу 13 часот, во СВР Охрид повикани се А.Т. и К.С. двајцата од Охрид. Тие, се сомничат дека заедно со уште едно лице од Охрид, во 2 часот по полноќ, на паркинг простор пред ноќен клуб лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, физички ја нападнале Б.Ј. на 28, а потоа и Д.Ј. на 34 години, двајцата од Охрид.
Тие, според пријавата од Итната медицинска помош Охрид, добиена во СВР Охрид во 5,30 часот, побарале помош во службата за Итната медицинска помош во Охрид, а потоа, биле пренесени во Општата болница каде, кај Д.Ј. биле констатирани тешки телесни повреди.
Околу 10,30 часот во СВР Охрид, Б.Ј. и лично го пријави настанот.
Известен е јавен обвинител и по целосно расчистување и документирање на настанот, против напаѓачите ќе биде поднесена соодветна пријава.