Две лица нападнати во скопскиот Градски парк

Група непознати лица изминатата ноќ во скопскиот Градски парк со цел да го одграбат анападнале двајца 23-годишници кои биле во ноќна проштетка.

Инцидентот се случил ноќеска околу 1,20 часот во Градскиот парк во Скопје ги нападнале А.Н. од Прилеп и С.Б. од Скопје.

Како што е наведено во полицискиот билтен, двете лица додека се шетале биле пресретнати од неколку непознати машки лица, кои им побарале пари.

Во тој момент С.Б. успеал да избега и да го пријави настанот во полициска станица, а А.Н. бил физички нападнат. Се мерки за пронаоѓање на сторителите.