
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа, регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19, а починале две лица.
Направени се 773 тестови, а регистриран е 21 нов случај на КОВИД-19: Скопје – 9, Битола – 5, Кавадарци и Охрид – по 2, Штип, Кичево и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (21), регистрирани се 5 реинфекции.
Досега во земјата се направени вкупно 2.023.422 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 309.790, бројот на оздравени пациенти е 299.936, на починати е 9.282, а бројот на активни случаи изнесува 572.