Две лица повредени од ловечки пушки

пушка

Две лица се повредени во текот на вчерашниот ден од ловечки пушки во два одделни случаи.

Во првиот случај на планинскиот дел над демирхисарското село Боиште, 35-годишниот М.Д. од ловечката пушка за која имал дозвола испукал еден патрон при што го повредил 21-годишниот В.А. во пределот на грбот. Повредениот е пренесен во Клиничката болница во Битола, а потоа поради сериозноста на повредите е пренесен во Ургентниот центар во Скопје.

Во вториот случај на планината Китка во близина на селото Алдинци при лов се самоповредил од ловечка пушка 62-годишниот Д.Б. Повредениот е пренесен во Градската општа болница „Наум Охридски“ каде му е укажана лекарска помош поради повредата на показалецот на десната рака.