Две лица повредени откако БМВ се заби во канделабра во Скопје

Околу 10:05 часот на улица „Перо Наков“ во Скопје, патничко возило „БМВ 320“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот А.Ј. од Скопје излетало од коловозот и удрило во канделабра.

Со тешки телесни повреди се здобила 16-годишна сопатничка, додека со телесни повреди се здобил возачот.

Со возило на Итна медицинска помош тие биле пренесени биле во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид извршила екипа од СВР Скопје.