Во текот на четвроткот на подрачјето на Сектор за внатрешни работи Скопје се случиле пет сообраќајни незгоди од кои две со телесни повреди и три со материјална штета.
При сообраќајните незгоди две лица се здобиле со лесни телесни повреди. Од преземените мерки и активности констатирано е дека 38 возачи управувале возила со брзина поголема од дозволената.
Пет возачи се исклучени од сообраќајот бидејќи го управувале возилото без да се стекнат со право за управување на моторно возило. Поради технички неисправности од сообраќајот се исклучени четири возила. Во текот на изминатиот ден издадени се и 95 мандатни платни налози, додека 93 возила се подигнати со
Двајца возачи се санкционирани бидејќи не дале првенство на минување на возила во зона на крстосница. Поради нeправилно престројување се санкционирани двајца возачи а поради неправилно престигнување анкционирани се четири возачи.