Две лица повредени во пожар во Елбасан

Во албанскиот град Елбасан, во пожарот кој избувнал во ромска населба загинаа две лица, додека неколку други се повредени.

Според првичните информации, пожарот избувнал ноќта кон понеделникот по полноќ и во една од бараките во ромската насалба. Полицијата потворди дека во несрќата животите ги загубиле 30-годишната Лумтури Баша и нејзиниот седумгодишен син Кристијан.

Еден од повредените се наоѓа во критична состојба со тешки изгореници.

По интервенцијата на противпожарната служба на Елбасан пожарот бил изгаснат, со што од стихијата биле спасени другите бараки во импровизираната населба.