![soobrakajka gostivar tetovo](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/07/soobrakajka-gostivar-tetovo.jpg?resize=627%2C458&ssl=1)
На 20.02.2021 во 02:02 часот било пријавено дека на автопат Тетово-Гостивар се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски управувано од 28-годишниот Ј.Т. од Турција, со времен престој во Скопје, и патничко моторно возило „мерцедес“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од 34-годишниот Г.А. од селото Чегране.
Во незгодата возачот Ј.Т. се здобил со телесни повреди, а сопатничката 25-годишната Е.А. од истото возило се здобила со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Тетово.