Две лица повредени во сообраќајка во Куманово

На 12.05.2023 околу 10.40 часот во Куманово, на бул. „Трета македонска ударна бригада“, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „мерцедес“, управувано од Ф.С.(40) од с.Гошинце, кумановско и мопед „РКС снипер 50“, управуван од С.И.(45) од Куманово, двете со кумановски регистарски ознаки.

Во несреќата С.И. се здобил со тешки телесни повреди, а Ф.С. со телесни повреди, констатирани во Општата болница-Куманово.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Куманово.