
Како што информира портпаролот на СВР Велес, Анита Стојковска сообраќајката се случила вчера во 7.10 часот во која патнички автомобил марка „БМВ“ со босански регистарски означи управуван од 52-годишен жител Србија излетал од патот и се превртел.
Во несреќата со повреди се здобиле две лица кои биле сопатници во возилото, на возраст од 48 и 22 години.
Увид на лице место извршила увидна екипа од Секторот за внатрешни работи Велес.