
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа која околу 11,20 часот се случила на регионалниот пат Велес – Чашка
Во несреќата учествувале мопед и автомобил „мерцедес“, а повредените две лица се возеле на мопедот.
Со возило на Итна медицинска помош тие се пренесени во велешката болница, но засега нема информации за карактерот и сериозноста на повредите.
Сообраќајот на регионалниот пат во моментов се одвива со наизменично пропуштање на возилата.