Две лица позитивни на Ковид 19 избегале од хотел што се користел за државен карантин

На 08.07.2020 околу 22.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека помеѓу првиот и вториот кат од прозорецот на хотел – државен карантин во Скопје бил забележано чаршав, кој бил врзан како импровизирано јаже. По проверка во собите од полициски службеници од СВР Скопје било констатирано дека во две соби ги нема А.Ј.(22) и А.Б.(24), двајцата од Турција, кои на 03.07.2020, врз основ на наредба, а во врска со кривичното дело ,,криумчарење мигранти“, од Полициска станица за гранични проверки и граничен надзор Богородица биле спроведени во државен карантин, поради позитивен тест на ковид – 19 кај едно од лицата. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.