Две лица приведени поради агресивност кон полицајци, едно од нив е малолетно

Возрасен маж и малолетник од скопското село Сарај се приведени од полицијата малку по полноќ кон саботата поради агресивност кон полициски службеници при извршување службени дејствија.

„На 13.03.2020 во 00:10 часот на влез во селото Грчец од полициски службеници од СВР Скопје биле приведени 44-годишниот Н.С. и 16 годишник од селото Сарај-скопско, затоа што агресивно се однесувале кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија“, сее наведува во соопштението.

По документирање на случајот, против нив ќе бидат поднесни соодветни поднесоци.