Повеќеилјадната маса поддржувачи на актуелниот американски претседател Доналд Трамп го напуштаат во саботата вечерта по македонско време просторот пред Врховниот суд на САД во Вашингтон, а на извесна оддалеченост од местото на собирот прведен се две лица кои се обиделе да се пресметаат со активистите на републиканскиот претседател кој сѐ уште не признава дека е поразен на претседателските избори на 3-ти ноември и обвинува за масовна изборна кражба, откако водечките медиуми а потоа и редица светски челници му честитаа на победата на демократскиот кадиндат Џо Бајден, известуваат агенциите.
Приврзаниците на Трамп во саботата порачаа дека „борбата не е завршена“ и полека се распрснуваат низ околните улици во близина на Врховниот суд. Големи групи се движат кон блиската железничка станица и по Уставната авенија. Притоа од звучниците се емитува пораката „Ви благодариме што го поддржувате оној кој ве поддржуваше четири години“.
Претходно додека заминувал од Белата куќа, како што е пренесено во медиумите – на голф терен, Трамп можел да ги види воите симпатизери. Претседателскиот конвој минал покрај Плоштадот на слободата на кој неговите одушевени активисти извикувале „Уште четири години! Уште четири години!“ и „САД! САД!“. Многумина носеле знамиња со написот „Трамп 2020“, како и со пораките „Марш на милионите МАГА“ (MAGA, Make America Great again ), „Жените за Трамп“, а некои и транспарентни со натписите „Најдобриот претседател во историјата“
„Топло ви е околу срцето кога ќе видите толку голема поддршка, особено вакви спонтани собири коишто ги има насекаде во земјата, па и во Вашингтон ДиСи“, објави Трамп на Twitter претходно.
Масовниот собир за поддршка на Трамп во центарот на американската престолнина минал мирно, со мали конфронтации кои ги предизвикувал активисти на Демократската партија и нивниот кандидат Џо Бајден кои се собрале на контрапротести.
Но бројните полициски сили не дозволиле сериозни судири, кои се ограничиле само на вербални пресметки. По целата рута на движењето на колоната републикански приврзаници и местото на одржување на собирот биле распоредени засилени полициски одреди, а активистите на Трамп им се заблагодариле за нивната работа.
Сепак, на поодалечена локација од Врховниот суд, на крстосница од две фреквентни авении во центарот на Вашингтон дошло до гужва во масата луѓе. Според агенциските извештаи, очевидци рекле дека полицијата привела двајца црни мажи кои се обиделе да влезат во пресметка со активистите на Трамп. Едниот од нив по вербална расправија со полицајците бил легнат на асфалтот и му биле ставени лисици, а по извесно време било приведено и другото лице.
Поддржувачите на Трамп со аплауз ја поздравиле постапката на полицајците, а на приведените им довикувале „вработете се губитници“.