
На 10 април во МВР биле пријавени два смртни случаи во Гостивар и Демир Капија.
Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа од неготинската полиција и лекар од здравствена установа, каде првично бил пријавен случајот.
Околу 13,40 часот завчера во полициска станица во Неготино родител пријавил дека починат го пронашол својот 33-годишен син, во семејната куќа на улица „Радњанска“ во Демир Капија.
Во Гостивар, во 13,55 минути во полициската станица маж пријавил дека во куќа на улицата „ЈНА“ го пронашол починат неговиот 68-годишен татко, кој според пријавеното, имал претходни здравствени проблеми.
Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, без траги на насилство, а увид на местото на настанот извршила полициска екипа.
По наредба на јавни обвинители телата на двајцата починати се предадени на обдукција.