
Две лица се повредени од огнено оружје во инцидент што се случил вечерва во скопско Арачиново.
На 01.11.2024 околу 19 часот од Ургентен центар Мајка Тереза во СВР Скопје е пријавено дека со повреди од огнено оружје биле донесени С.А. и А.А. од с. Арачиново.
Според пријавеното, во нив во с.Арачиново било пукано со огнено оружје од страна на две лица кои биле со возило “Ауди”, наведуваат од МВР и додаваат дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.