Две лица тешко повредени по пад со автомобил на пругата кај Пепелиште

Две лица пдо струмичкото село Муртино рано утрото во понеделникот се потешко повредени и хоспитализирани во болницата во Кавадарци, откако автомобилот со кој се превезувале паднал на железничката пруга кај селото Пепелиште.

Според извештајот на Минисерството за надворешни работи, инцидентот се случил околу 3,30 часот утрово во близина на Пепелиште, кога 49-годишниот А.И. од село Муртино, струмичко, управувајќи патничко моторно возило „ауди“ со струмички регистарски ознаки изгубил контрола и паднал на железничката пруга Криволак – Неготино.

По незгодата на возачот А.И. и сопатникот 23-годишниот М.И., исто така, од Муртино, во Општата болница Кавадарци, им биле констатирани тешки телесни повреди. Извршен е увид на местото на настанот.