Две лица се тешко повредени во сообраќајна несреќа што синоќа се случи на булеварот Партизански одреди во близина на Сити мол.
Според информациите од полицијата, несреќата се случила во 21,50 часот на раскрсницата на Партизанска и улица Париска кога дошло до судир на два автомобили марка „бмв“ едното управувано од 19-годишниот А.Ѓ. , а другото од 21-годишниот И.А., двајцата од Скопје.
По судирот поради сериозностана повредите во Ургентниот центар се префрлени А.Ѓ.и неговиот сопатник М.А.М. (18) од Скопје.
Две возила во несреќата се речиси целосно уништени, а сообраќајот на булеварот синоќа поради несреќата се одвиваше по една лента.