
Две лица се убиени во напад со нож кој го извршил засега неидентификуван маж во четвртокот во општината Трап, во департманот Ивелен југозападно од француската престолнина Париз, соопшти префектурата на департманот.
„Поилициската операција е завршена, полициските специјални сили (RAID) не беа активирани. Има информации за жртви: две лица загинаа, едно е сериозно рането“, се наведува на Twitter акаунтот на општината.
Од своја страна телевизијата BFMTV, повикувајќи се на информации добиени од полицијата, загинатите се мајка и сестра на напаѓачот.
Агенцијата Reuters објави дека џихадистичката организација Исламска држава ја преземала одговорноста за нападот. Агенцијата, исто така, истакнува дека организацијата во своето соопштение на новинската агенција Amaq, која објавува за нејзините активности, не дава никакви поединости со коешто ќе поткрепи тврдењето за својата вмешаност.
Во четвртокот утрото маж вооружен со голем нож нападнал луѓе на улицата „Камил Клодел“ во градот Трап. Напаѓачот се сокрил во зграда којашто потоа била опколена од полицијата. Според сознанијата на телевиијата BFMTV, наскоро потоа мажот, се’ уште вооружен со нож, истрчал од зградата со извиците „Алаху акбар“ (Господ е голем), при што бил ликвидиран од полицајците.
Телевизијата, исто така, наведува дека претходните извештаи оти постојат докази дека мажот во 2016 година бил осуден за пропагирање тероризам и бил внесен во електронската база на радикални исламисти не се точни и оти се врши проверка. Се додава дека од убиениот напаѓач се земени отпечатоци од палците за да се провери дали документите најдени кај него се веродостојни. Полицијата од своја страна апелираше до медуимите да не илегуваат со избрзани заклучоци.
Инцидентот се’ уште не се третира како терористички чин. Градот Трап е познат инаку по голем број радикални исламисти. Станува збор за најсиромашниот кварт на департманот Ивелен, којшто, пак, истовремено е еден од најбогатите во Франција според просечиот приход на жителите.