Две лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот од Коњух-Бељаковце

На 26.05.2024 во 07:55 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води од с. Коњух кон с. Бељаковце, кај место викано „Ракле“, кратовско, патничко возило „даеву матиз“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ј.(75) од с. Марино, општина Илинден, излетало од коловозот и паднало во реката Крива река.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починале возачот и неговата сопатничка С.Ј.(76) од с.Марино.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт, а по наредба на јавен oбвинител телата на починатите биле предадени на обдукција.

Увид на местото извршила увидна екипа од СВР Куманово.