Две лица завршија во болница по сообраќајка во Гостивар

Вчера се случила сообраќајна незгода при која две лица се здобиле со повреди.

– На 29.06.2023 во 12.45 часот било пријавено дека во Гостивар на ул.„101“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „ауди“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од Ф.М.(36) од Гостивар и патничко моторно возило „фолксваген голф“ со гостиварски регистарски ознаки, управувано од А.Б.(58) од Гостивар, информира МВР.

Како што соопшти МВР, во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Ф.М., а со телесни повреди се здобил А.Б. констатирани во Општата болница Гостивар.

Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гостивар.