Половина час по полноќ заборавени во возило на булеварот Видео Смилевски – Бато во наслебата Аеродром, биле пронајдени две деца, брат и сестра на возраст од 7 и 4 години.
По пријава на соседи интервенирала полиција, ги искршиле прозорците и ги извадиле децата кои веднаш се пренесени на скопските клиники.
Од МВР потврдија дека имаат регистрирано ваква пријава, но детали за случајот најавија за во текот на денот. Засега нема информација како децата останале сами во автомобилот.