Две малолетни девојчиња повредени во струмичко Босилово откако врз нив паднала лулашка

Две малолетни девојчиња се повредени на роденденска забава во двор на угостителски објект во селото Борисово, откако врз нив паднала лулашка.

Според соопштението на СВР Струмица, девојчињата биле пренесени во струмичката болница, каде им била укажана лекарска помош, а настанот бил пријавен вчера во 18:30 часот во Полициското одделение во Ново Село.

Увид на местото извршила екипа на СВР Струмица, а за настанот бил известен јавен обвинител.