Две малолетнички од Лисиче завршија во болница по напад од возрасна жена

Две малолетни девојчиња завршиле во болница во петокот откако биле нападнати од 36- годишна жена во скопско Лисиче

Во текот на вчерашниот ден во 16,30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Гаврил Константиновиќ“ поточно во Трговскиот центар Лисиче, 36-годишната Д.Ј. го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз две малолетни девојчиња.

На девојчињата им била укажана лекарска помош во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

По целосното расчистување и документирање на настанот ќе следи соодветен поднесок.