Две млади момчиња се полесно повредени во страшна сообраќајна несреќа која утринава се случила во скопско Радишани, објави Курир.
Несреќата се случила утринава околу 5:45 часот, кога автомобил „Опел Зафира“ изгубил контрола, по што се превртел. „Опелот“ потоа удрил во паркиран автомобил „Рено“ со охридски регистерски таблички и во уште пет автомобили кои исто така биле паркирани.
Од полицијата за Курир информираат дека во несреќата со полесни повреди се здобиле возачот, 26-годишниот Д.М. и неговиот сопатник Е.А. (22) кои биле пренесени во ГОБ „Св. Наум Охридски“.