Управата за финансиска полиција по добиени оперативни сознанија за сторен финансиски криминал, откри разработена шема за празнење на државниот буџет, преку поврат на ДДВ со употреба на фалсификувани фактури за наводна набавка на нафта од Рафинеријата „Окта“ од Скопје.
Како што соопшти Управата за финансиска полиција, главен организатор на криминалната група е лицето Р.В (47) од Скопје, сопственик и управител на фирмата Марели-Импекс ДООЕЛ од Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје.
Првопријавениот Р.В (47) во својство на управител, сопственик и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект Марели-Импекс ДООЕЛ Скопје и овластен потписник на банкарските сметки на правниот субјект ЗД Петрол ЛТД ДООЕЛ Скопје, во периодот