Потрагата по 31 годишниот Мартин Јовановски продолжува и денеска. 14 ден активно се трага по Македонецот кој беше однесен од струите на Егејското море.
Од ОФКАТ објавија дека во потрагата денеска повторно се вклучува авион, а временските услови се подобрени.
Денеска во соработка со солунскиот аероклуб, ќе се пребарува Егејот со двојни летови. Потрагата сега е кон Егејското море и подалеку на исток, објавено е на Фејсбук.
Пред два дена на плажата Катерини беа пронајдени машки шорцеви кои наликуваат на оние кои Мартин ги носел на денот на исчезнувањето во морските води.
Човекот кој ги пронашол шорцевите заплеткан во алги, ги фотографил, но не ги задржал, поради што спасувачите ги бараа подолго време, но не го пронајдоа.