Две приведувања во Скопје поради поседување марихуана

Министерството за внатрешни работи информираше во понеделникот дека претходната ноќ на територијата на СВР Скопје се приведени лица за нелегално поседување мерихуана.

Во неделата ноќта околу 21,20 часот на подрачје на општината Кисела Вода, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода 22-годишниот скопјанец В.С., откако кај него била пронајдена марихуана.

Само пет минути претходно, во 21,15 часот на подрачјето на општината Центар, исто така, во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 38-годишниот А.С. од Гостивар затоа што кај него била пронајдена марихуана.

По целосно документирање за двата случаи ќе биде поднесено соодветни поднесоци.