Раководителката на Институтот за педагодија проф.д-р Јасмина Делчева Диздаревиќ и проф. д-р Лена Дамовска не се против новиот концепт во основното образование.
Вчера членовите на Институтот за педагогија со мнозинство гласови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепција за осново образование.
-Институтот за педагогија смета дека нацрт-концепцијата има методолошки и дидактички недоследности и решенија кои не соодветствуваат на нашата воспитно-образовна и општествена реалност и смета дека имплементацијата на оваа концепција може да предизвика сериозни проблеми во сферата на образованието, информира Институтот за педагогија.
Како што наведува Институтот во известувањето, треба да се запрат активностите во врска со концепцијата и да почне процес на сериозна стручна и академска расправа која ќе резултира со нова концепција.
-Со ова сакам да ја дополнам информацијата која дел од медиумите ја пренесоа и да потенцирам дека нè сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата за основно образование, како што е пренесено. Ве извесувам дека како раководител на Институтот за педагогија, заедно со мојата колешка проф. д-р Лена Дамовска сме дел од работната група за изработка на предлог концепцијата зад која во целост стоиме и дека не̓ сите професори од Институтот имаат идентичен став во однос на предлог Концепцијата, се вели во демантот од проф. д-р Делчева Диздаревиќ.