Во Собранието денеска ќе се одржат две седници на Законодавно-правната комисија, а на едната од нив ќе се разговара за Предлог законите за исплата на паричен надомест на жртви од кривични дела со насилство и за дополнување на Законот за репродуктивен материјал од шумски видови дрвја.
На дневен ред е и Предлог одлуката за утврдување на висината на надоместокот на претседателот и членовите на Националниот совет за високо образование и научно-истражувачка дејност.
На втората седница ќе се разговара за Предлог законот за заштита на потрошувачите, како и за измени на Законот за гранична контрола, за финансиската инспекција во јавниот сектор, за техничките барања за производите и оцена на сообразност, за зоотехника и за Предлог измените на Законот за финансиска дисциплина.