
Комисијата за економски прашања и Законодавно-правната комисија денеска ќе одржат седници во Собранието.
На дневен ред на Комисијата за економски прашања се измените и дополнувањата на Законот за минерални суровини, по скратена постапка и на Законот за техничка инспекција, во второ читање.
Овие две точки се на дневен ред и на Законодавно-правната комисија. Оваа комисија ќе расправа и по Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за материјално обезбедување на невработените лица поради приватизацијата на претпријатијата со доминантна сопственост на државата во периодот од 2000 до 2004 година, по скратена постапка.