Две сообраќајки вчера во велешко, полесно повредени три лица

Во судир на две возила  кај селото Бусилци, велешко,  вчера попладне околу 17 часот се повредени две лица, потврди за МИА, Верољуб Додевски,  портпарол на СВР Велес.

Со возило на Итна помош по укажаната прва помош  повредените биле однесени во велешката болница и по прегледите и дадената медицинска помош се упатени на домашно лекување.

Во истиот период, вчера попладне околу 17 часот, се случила сообраќајка и на автопатот Велес-Скопје пред тунелот кај Катланово кога со возило излетал германски државјанин на пропатување низ земјава. Тој се здобил со полесни телесни повреди и по укажаната медицинска помош од Итната помош и во велешката болница бил  испишан, информираат од СВР Велес.