Ноќеска околу пет часот во ресторан лоциран на бензиска пумпа на скопскиот булевар „Србија“, поради претходна расправија дошло до расправија, меѓу три лица од Скопје, од една страна и 18-годишниот М.Б. и 17-годишна девојка, од друга страна, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Притоа, М.Б. се јавил на двајца негови познаници, Е.Д. од Кондово и Р.И од Сарај, кои биле во близина и веднаш пристигнале во објектот. Кога сите лица го напуштиле објектот, 18-годишникот, заедно со неговите пријатели нападнале две од трите лица со кои претходно се расправале, , при што Р.И. со нож им нанел повреди.
Од МВР велат дека повредените лица биле пренесени во Комплекс клиники “Мајка Тереза” каде им биле констатирани телесни повреди и се задржани на понатамошно лекување. „
Инаку, по нападот, напаѓачите со автомобил го напуштиле местото на настанот и направиле сообраќајка со друго возило. Во полициската станица во Аеродром биле приведени Р.И. и Е.Д, а полицијата работи на расчистување на случајот.
Во текот на вчерашниот ден во полициската станица во Центар бил пријавен уште еден сличен инцидент. Триесет и шестгодишен жител на село Сарај, пријавил дека движејќи се заедно со неговиот брат покрај Градскиот Стадион во еден момент му се приближил човек кој бил заедно со две други лица, кој физички го нападнал 36-годишникот, додека пак неговиот брат возвратил на ударите. Во еден момент едно од лицата извадило пиштол кој го насочил кон пријавителот кој пак од страв за неговата сигурност извадил нож. Потоа, од страна на еден на напаѓачите било фрлено стаклено шише кое го удрило пријавителот во пределот на градите по што тој и неговиот брат го напуштиле местото на настанот.
По преземени мерки сите лица инволвирани во настанот се повикани и со нив е разговарано, а за настанот е запознаен и Јавен обвинител. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот, велат од МВР.