Две третини од ИТ-стручњаците кои заминаа во 2022-та се вратиле во Русија

Повеќе од половината од ИТ работниците кои ја напуштија Русија во 2022 година стравувајќи од мобилизиацијата во рамките на руската инвазија во Украина, веќе се вратиле во земјата, соопшти во петокот руското Министерството за дигитален развој на својот канал Telegram.

„Министерството за дигитален развој не ги потврдува податоците што се појавија во медиумите за масовното иселување на ИТ специјалисти. Според Министерството за дигитален развој, две третини од специјалистите кои заминале во 2022 година се вратиле. Во текот на изминатата година имаме не е забележан одлив на ИТ-стручњаци. Според Росстат, бројот на ИТ специјалистите во индустријата минатата година е зголемен за 13 отсто и изнесува 857.000 луѓе“, истакнува министерството.

Според истиот извор, во текот на минатата 2023 година, информатичката индустријата станала еден од најдинамичните развојни сектори, со показатели кои растат со двоцифрена стапка. Продажбата на домашни производи и услуги во оваа област се зголемила за 30 отсто, на три трилиони рубљи. Просечната платаво секторот е зголемена за 13 отсто.

На крајот од декември 2022 година, шефот на Министерството за дигитален развој, Максут Шадаев, објави дека во тоа време имало околу 100.009 руски ИТ-стручњаци надвор од земјата. Во исто време, 80 отсто од нив продолжиле да работат за руски компании во пријателски земји, оние коишто не ѝ воведоа санкции на Русија поради инвазијата во Украина.

Минатиот септември, претседателот на компанијата АД „Крибрум“, Игор Ашманов, го нарече „мит“ мислењето дека голем број ИТ-стручњаци ја напуштиле Русија. Според неговите податоци, „во март, веднаш по почетокот на специјалната воена операција во Украина, само неколку – еден или два проценти – избегале, а во есента 2022 година, за време на најавата за мобилизација, уште два до три проценти“.

Во март 2022 година, Владимир Путин им даде право на одложување од регрутирање на руските граѓани кои работат во акредитирани ИТ компании. Подоцна, таквите специјалисти со високо образование беа ослободени од делумната мобилизација.