Две третини од луѓето „сурфаат“ во тоалет

Одењето во тоалет некогаш беше бегство од светот, некои таму читаа весници но генерално тоа беше кус одмор од сѐ, но времињата се изменила.

Во истражувањето на компанијата за безбедност на интернет NordVPN, спроведено на 9.800 луѓе во десет земји покажало дека 65 отсто од луѓето денес во тоалетот го користат паметниот телефон.

Во тоа предничат Шпанците со 80 отсто, а ги следат Полјаците со 73 отсто и Американците со 71 отсто. На крајот се, барем во земјите во коишто е спроведено истражувањето, Австралијците со 62 отсто, Британците и Германците со 59 односно 55 отсто.

Најпопуларните активности на мобилните телефони во тоалетот се прегледите по социјалните мрежи со 53 отсто, читањето вести со 38 отсто и играњето игри со 31 отсто.

Најчесто при одговорот на повикот на природната смартфоните ги користат „милениумците“, поколенијата меѓу 26 до 41 години, а ги следат „генерацијата Зет“, од 18 до 25 години.

Меѓутоа, тоа не е нов феномен, тврди Клеменс Штахл, професор по бихевиорални науки на швајцарскиот универзитет во Сен Гален.

„Луѓето и пред мобилните ги ‘конзумираа’ медиумите во тоалетот. Во тој контекст мислам на функциите кои смартфонот ги има. Додека сте во тоалет можете да играте игри, да ги плаќате сметките, да купувате, да планирате патувања, дури и да ги изведувате работните задачи“, вели Штахл во врска со тоа дека одењето во тоалет добило нови димензии.

Денешното однесување на луѓето при одењето во тоалетот како продолжување на традицијата го гледа и Ханс-Јирген Рампф, психолог од германскиот универзитет Либек.

„И во минатото луѓето читаа во тоалетите: весници, книги или стрипови. Таквото однесување е повобичаено кај мажите“, вели Рампф и додава дека таа појава е пораширена бидејќи смартфонот нуди повеќе можности од книгата.

Начелно, РумГо пф користењето на мобилните во тоалет не го смета штетно, но предупредува дека има сѐ повеќе зависници од мобилните телефони и дека тие коишто ги користат и таму се во поголема опасност тоа да станат.

Ги советува луѓето да бидат свесни за тоа колку го користат смартфонот и почесто да го иставаат од себеси, особено кога јадат или легнуваат. А, можеби, и повремено да го оставаат и кога одат во тоалет.