Како што информираат од МВР, двете возила биле опожарени триесетина минути по полноќ, на паркинг на булеварот „Видое Смилевски Бато“. Возилата се со скопски регистарски ознаки. Џипот „Гранд чероки“ е во сопственост на Г.Д. (1978), а сопстеник на „автомобилот „Фиат уно“ е А.М. (1983).
Полицијата врши увид за причините за опожарувањето, како и за начинот на кој е извршено.