
Две жени од велешко Горно Оризари се повредени во саботата попладеното, откако автомобилот со кој се превезувале излетал од коловозот, на магистралниот пат меѓу селата Бучин и Вашарејца.
Инцидентот се случил малку пред 18 часот кога во СВР Битола било пријавено дека на патот Бучин – Вашарејца, во близина на крстосницата со патот Битола – Прилеп. Како што било консттирано 32-годишната А.Б. од Горно Оризари, велешко, управувајќи патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки, изгубила контрола и излетала од патот.
Во незгодата, со тешки телесни повреди се здобила А.В., додека со телесни повреди се здобила 58-годишната И.М. од Горно Оризари, констатирани во болницата во Битола. Увид на местото извршила екипа од СВР Битола.