Француски суд осудил во понеделникот на затворски казни од најмалку 25 години две жени поврзани со исламистички милитанти, кои пре три години изведоа неуспешен обид за напад со автомобил-бомба пред париската катедрала Нотр Дам, известува дневниот весник Le Figaro.
Една од сега осудените жени ја поттикнувала другата да ѝ се приклучи претставувајќи се на интернет како исламистички милитант кој се вратил од Сирија и кој сакал преку социјалните мрежи да најде сопруга, пишува весникот.
Утрото на 4-ти септември 2016 година париската полиција откри сиво „пежо 607“ без регистарски ознаки, во кој имало седум боци со гас и три канистра со бензин, паркирано на левиот брег на Сена во близина на катедралата Нотр Дам, во центарот на Париз. Иследниците според опушоците од цигари и кебе натопено со бензин заклучиле дека станува збор за неуспешен обид да се предизвика експлозија.
Отпечатоците од прстите оставен во возилото ја довеле полицијата до Инес Мадани и Орнела Гилигман. Тие, според истрагатат, го паркирале автомобилот откако на Рашид Касим, француски припадник на Исламската држава, му испратиле видео во кое ја преземаат одговорноста за планираниот напад.
Судот во понеделникот ја осудил Мадани, којашто се изјаснувала како џихадист, на 30 години затвор, а Гилигман, омажена мајка на три деца, на 25 години затвор. Уште две жени се осудени на по 20 години затвор, известува Le Figaro.
Како што пишува весникот, Касим е осуден во отстуство на доживотен затвор. На пониски затворски казни се осудени уште три лица за помагање во обид да се предизвика експлозија, како и за непријавување кривично дело.