Две жртви и десет деца повредени во несреќа со багер во Германија

Момченце и еден тактко загинаа во несреќа во месото Топенсштед во текот на излетничко возење со багер, а десет други деца се повредни од кои седум потешко, соопшти поортпаролот на локалната противпожарна служба за агенцијата DPA.

Четири од повредените деца, поради тежината на состојбата со хеликоптер се пренесени во болниците. Засега не е објавено дали тие се животно загрозени.

Несреќата се случила во саботата вечерта во камп кој го организираче татковците со своите деца на предучилишна возраст во хамбуршкиот округ Харбур, на северо на Германија.

Според првичните сознанија, неколку багери за забава минувале преку земјен пат. Татковците и децата биле во подигнаата корпа на багерот. Се препоставува дека причина за трагедијаа е искинато хидраулично црево на едно од возилата, изјави полицискиот портпарол Хан Круег. Како резултат на тоа корпата се откачила од багерот и паднала, а некои биле потиснати под неа.

Полицијата соопшти дека возачот на багерот рутински бил подложен на тест на алкохол, а дека истрагата во која увидот на местото на несреќата бил направен и со дрон продолжива во текот на ноќта.