Две лица ги загубиле животите во експлозија проследена со пожар во понеделникот во станбена зграда во црноморскиот бугарски град Варна, а полицијата отвори истрага за дело подметнување пожар.
Како што пренесуваат медиумите, според првичните сознанија, во стан на четвртиот кат од зградата ноќта кон понеделникот експлодирала боца со гас. Меѓутоа, соседите ја оспоруваат оваа верзија, и тврдат дека слушнале две експлозии во интервал од неколку минути. Исто така, и пожарникарската служба додала дека садот за гас за домаќинството бил целосен.
Во станот живеел 67-годишен маж, кој своевремено служел во армијата и работел во полицијата, од каде бил разрешен под обвинение за корупција. Ноќта која се случила експлозијата, тој излегол од станот и изнесувал работи од него, поради недоразбирање со сопругата. Полицијата објави потерница по мажот.
Една од жртвите е жена од соседниот стан, врз која целосно се урнал ѕидот. Осумнаесет лица со симптоми на труење со гас и согорувачки материи се пренесени во градските болници.
Сите жители од зградата се евакуирани. Најавена е стручна процена за соодветност на објектот за натамошно живеење во него.