Две лица ги загубија животите а уште десет други се повредени во пожар во ресторан во шпанската престолнина Мадрид, извести електронското издание на весникот Mundo повикувајќи се на спасувачките служби.
„Две лица загинаа, шест се со сериозни повреди а четири лица се полесно повредени … Во Мадрид како последица на пожар во ресторан на плоштадот Мануел Бецера во областа Саламанка“, го цитира весникот соопштението на градската спасувачка служба.
Според прелиминарните сознанија, пожарот избувнал на влезот од ресторанот и се проширил преку таванот и ѕидовите украсени со вештачка вегетација.
Се претпоставува дека пожарот избувнал кога келнер полеал пица или десерт со алкохол и го запалил, предизвикувајќи пламенот да ги зафати пластичните растенија прицврстени на таванот.
Една од жртвите е 25-годишен келнер, а другата е 40-годишен гостин во ресторанот, се додава во извештајот на весникот.