Две лица загинаа а други три се ранет во експлзија во продавница за резервни делови и моторни масла во турската престолнина Анкара во средата, јави државната новинска агенција Anadolu.
Пожарот избувнал во продавница во индустриската зона Иведик во областа Јенимаале крај Анкара.
Голем број медицински и возила на протвпожарната единица на главниот град на Турција биле испратени на местото на експлозијата.
Покрај жртвите, уште едно лице се води како исчезнато. Причините за експлозијата засега не се познати.