Двегодишно Јапонче најдено неповредно по три дена минати во шума

Двегодишник во Јапонија кој исчезнал во неделата при прошетката со дедото, е pронајден неповеден во средата, соопштија локалните власти.

„Момченцето е пронајдено и однесено во болница…. Нема потешки повреди, само малку гребаници и лесна дехидрираност, но животот не му е во опасност и многу наскоро треба да ја напушти болницата“, изјавиле Катсујо Емото, фунцкионер на префектурата на островот Соу-Ошима и Хиројуки Нишихара, претставник на институцијата во којашто е примено детето.

Според јапонските медиуми, пронаоѓањето на детенцето Јошики Фуџимото неповредено и во добра состојба претставува вистинско чудо, имајќи ја предвид влагата и големите горештини кои последниот ден го зафатиле регионот со над 30 Целзиусови степени преку ден, како и присуство на разни животинки и ѕверки.

Доброволец, на 78-годишна возраст, кој дошол од соседната префектура за да учествува во потрагата, го слушнал во средата утрото како одговара на неговите повици во шумата, неколку стотици метри од местото каде што му се загубила трагата. Го пронашол како седи, со боси нозе.

Малечкото пошло во прошетка со братот и дедото, но на половина пат почнало да плаче и сакало да се врати. Дедото го пуштил да се врати само кон семејната куќа, но не проверил дали стасало. Во текот на трите дена, околу 160 полицајци го пребаруваа подрачјето. Бил користен и дрон со оптички и термо камери, кучиња трагачи и хеликоптери.

Во Јапонија во јуни 2016 година беше забележан сличен случај, кога седумгодишното јапонско момченце, беше пронајдено шест дена откако родителите по казна го оставиле во шума. Тогаш и седумгодишниот Јамото Таноока беше најден во здравствено добро и во добра психичка состојба, но со дехидрација и со многу гребаници по телото, откако по речиси цела седмица беше пронајдено во близина на воената база на островот Хокаидо до која самото пешачело низ шумата во која ноќе температурите се спуштаат во овој период од годината и под 7 Целзиусови степени.