Двесте евра за алкохол месечно издвојува просечното бугарско семејство

200 евра месечно трошат бугарските домаќинства за алкохол. Ова го покажуваат податоците на Евростат за потрошувачката на алкохол во 2017 година.

Вкупно, домаќинствата потрошиле една милијарда и 200 милиони лева на алкохол. Според податоците на бугарскиот Национален институт за статистика, околу 15 проценти од Бугарите конзумираат алкохол речиси секој ден или неколку пати неделно, што е бројка од 1 милион луѓе.

Мажите конзумираат 4 пати повеќе алкохол од жените. Секој втор маж претпочитал да пие жесток пијалок, а секоја втора жена вино. Студијата открила дека потрошувачката на алкохол кај тинејџерите е зголемена, просечниот Бугарин првпат пробал алкохол на 13 години. Младите од 13 до 18-годишна возраст претежно конзумираат пиво. Најмногу пари за алкохол издвоиле жителите на Естонија, Летонија и Литванија, а најмалку Шпанците, Италијанците и Грците.