Двете Кореи и UNC одржаа први преговори за демилитаризација на границата

Северна Кореја, Јужна Кореја и Командата на силите на Обединетите нации (UNC) ги одржаа во вторникот своите први тространи преговори за демилитаризацијата на границата додека Пјонгјанг и Сеул настојуваат да остварат мир, објави јужнокорејското министерство за одбрана.

Двете Кореи се согласија за време на минатонеделниот самит во Пјонгјанг да формираат трипартитни консултации UNC, кој се преклопува со американските сили од околу 53.000 војници во Јужна Кореја и ги надлгедува настаните во Демилитаризираната зона, за да се овозможи нивниот план за разоружување на една од најутврдните граници на светот.

Договорот вклучува запирање на воените вежби, забрана на летови крај границата и постепено отстранување на мините и стражарските места во демилитаризираната зона. Преговорите зад затворени врати се одржуваат во селото Панмунџом, а ги водат високи воени функционери од секоја страна, се наведува во изјавата на јужнокорејското министерство за одбрана.

Како почетен чекор, двете Кореи би требало да повлечат единаесет стражарски места во рамките на зоната од еден километар од воената демаркациска линија до крајот на годинава. Ќе започне разминирување во неколку помали области и градење на пат, за да се олесни пилот-проектот предвиден за април следната година, како и да се ископаат останките на војниците исчезнати во Корејската војна од 1950 до 1953 година.

Двeте страни, исто така, ќе го повлечат целото тешко вооружување од Областа на заедничка безбедност (ЈСА) во Панмунџом, ќе го намалат персоналот кој таму е сместен на по 35 од секоја стрнаа во согласност со воениот договор, како и да се изменат информациите за својата опрема за надгледување. На домашните и на странските туристи ќе им биде дозволени да дојдат и да влезат во област.

Овие мерки, коишто би се реализирале во текот на период од еден месец, ќе ја претворат границата во „место на мирот и помирувањето“ се додва во соопштенеито на министерството во Сеул.