Претставниците на двете најголеми христијански цркви во Германија, католичката и протестантската, изразија во вторникот „изненадување“ од мерките на сојузната и на покраините влади коишто предвидуваат одржување на Велгиденските верски обреди без присуство на верниците, и најавија дека нема да се придржуваат до препораките на власта
„Во текот на Божик покажавме дека, со претпазливост, сме во состојба да ги одржуваме литургиите во присуство во верниците. Затоан не сакаме да се откажеме од литургиите за Велигден“, порача претседателот на Германската бискупска конференција, Георг Бетцинг.
Протестантската црква во Германија засега одбива да ги коментира препоруките на сојузната и на покраинските влади, и најави консултации со политичките претставници. Претседателот на Советот на германските протестантите, Хајнрих Бедфорд-Штром, изјази зачуденост од синоќешната одлука на политичките власти на сојузно и на покраинско ниво.
„Одлуката од корона-самитот многу нѐ изненади, особено доколку се земе предвид дека станува збор за најважниот христијански празник“, изјави Бедфорд-Штром.
Најави дека протестантската црква прво од претставниците на политиката ќе се обидат да дознаат зошто предложениот санитарно-хигиенски концепти не се доволн, како и дека потоа ќе биде донесена одлука како ќе се однесуваат кон барањето за неодржување на литургиите.
На средбата одржана ноќта кон вторникот претставниците на сојузната и на покраинските влади одлучија стриктно да не се забранат богослужбите во текот на Велигден, но силно апелираа на христијанските заедници поради остро влошената епидемиолошка ситуација на се префрлат на одржување на ткн виртуелни литургии. Минатата година, во текот на пролетното „затворање“, христијанските цркви се воздржаа од одржување на масовните литургии во црквите.
Ноќта од понеделникот кон врорникот претставниците на германската сојузна влада и на регионалните влади договорија продолжување на сегашните мерки за „затворање“ до 18-ти април. Меѓу 1-ви и 6-ти април, во текот на Велигденските празници, јавниот живот ќе биде сведен на минимум, вклучително и затворање на продавниците за снабдување со животнопотребните продукти.