Позначајни движења кај каматните стапки на банките и штедилниците
Во ноември:
Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во ноември. Таа се сведе на ниво од 4,42%.
Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,76%.
Најновото соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците е достапно на следната врска:
Позначајни промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција, кв.3
Нето-надворешниот долг на крајот на третото тримесечје се намали за 64 милиони евра и изнесува 3,34 милијарди евра (или 28,2% од проектираниот БДП). Од аспект на структурата, и понатаму поголемо учество во вкупниот нето-долг има приватниот нето-долг со 59%.
Бруто-надворешниот долг, на крајот на септември од 2021 година изнесува 9,87 милијарди евра (или 83,5% од проектираниот БДП) и бележи квартално намалување од 300 милиони евра, додека бруто-надворешните побарувања, за истиот период, изнесуваат 6,53 милијарди евра (или 55,3% од проектираниот БДП) и се намалија за 235 милиони евра.
Во текот на третото тримесечје од 2021 година, негативната нето меѓународна инвестициска позиција (МИП) е намалена за 19 милиони евра и изнесува 7,1 милијарда евра (60,1% од проектираниот БДП за 2021 година). Од аспект на структурата на нето МИП, најголемиот дел, или 84%, се нето-обврски врз основа на директни инвестиции, главно врз основа на сопственички капитал.
Најновото соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција во кв.3 на следниот линк: