Движењето Млади за Македонија оствари средба со професорката Гордана Сиљановска на која и ја презентираше програмата (која е составена од 100 точки).
-Движењето Млади за Македонија оствари средба со професорката Гордана Силјановска на која ја презентиравме нашата програма (која е составена од 100 точки).
Имавме неисцрпни разговори на темите за како да си го вратиме нашето вековно(уставно) име и како да се направи нашето општество подобро за секој еден млад човек, без разлика од која партија и вероисповед да доаѓа истиот.
Како да се сопре изливот на млади умови, како да се отворат нови работни места кои би ги заджале младите да не се иселуваат насекаде низ светот.
Како да ја запреме белата чума, како да го спречиме наталитет кој драстично ни опаѓа!
Дека сакаме да покренеме иницијатива за да се создаде посебна единица за заштита на животните – Animal Police.
И за крај конечно да има правна држава, сите политичари кои биле на функција да им биде направен ветинг на нивниот стекнат имот и на олигархијата истотака.
Носење на нов закон за пратеници за намалувањето на патните трошоци и нивните бенифиции.
Нејзините зборови беа дека ќе се бори за сите горе наведени точки со сите дозволиви средства во целиот нејзин мандат и дека конечно во Македонија ќе има горда младина на својата татковина, дека правото ќе важи за сите кои згрешиле пред законите на Република Македонија!!!