„Движи се за здравје” во Градскиот парк

Во Градскиот парк, на платото пред фонтаната Лотосов цвет, утре во 10 часот ќе се одржи  манифестација „Движи се за здравје“ која што ја организира Детскиот културен центар „Карпош“.

Манифестацијата е од забавно-рекреативен карактер и опфаќа вежби за подобрување на моторичкиот развој кај децата од рана предучилишна и од училишна возраст.

Во манифестацијата „Движи се за здравје“ ќе учествуваат и децата членови од ликовната, танцовата и од фолклорната секција при ДКЦ „Карпош“, како  и деца од предучилишна возраст од  градинките од Скопје и од околината.